Медиасет.мк

#ФОКУС

Откажан концертот на Placebo во Скопје

Placebo ја откажаа овогодинешната турнеја. Концертот кој беше закажан за 25 јуни на стадионот на АРМ во Скопје сепак нема да се случи.

„Како и со сите турнеи, така и овде се работи на датуми и на нова турнеја за идната, 2021 година, па повеќе за тоа ќе се знае во средината на месец септември.

Сите оние коишто не можат и не сакаат да чекаат, ќе можат своите пари да си ги добијат назад од идната среда, 27-ми мај, од 09 часот наутро. Рефундацијата ќе се врши на начин и на местото од каде што се купени билетите.

Во оваа прилика Авалон Продукција им се заблагодарува на сите ticket keeper-и, не само за концертот на PLACEBO, туку и за сите други концерти коишто ги имаме закажано, а ги имаме прераспоредено со нови датуми, затоа што со овој ваш гест ѝ помагате на музичката лајв индустрија, која во моментиов не постои, што побрзо да се врати во живот“, велат од Авалон Продукција.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: