Наставничката Георгина Димова, веќе 19 години предава информатика. Таа работи во основното училиште „Страшо Пинџур“ во Неготино и секоја година има околу 300 ученици. Веројатно не постои ученик што не би сакал токму таа да му предава, бидејќи кај неа часовите се интересни, интерактивни, а виртуелно се патува до многу интересни земји и се запознаваат несекојдневни личности, пишува Самопрашај.мк.
„Во периодот од март до јуни со учениците од информатичката секција се вклучувавме на онлајн часови за програмирање. Настаните ги организираше code.org (коде.орг). Со регистрирањето, наставникот добива линк со кој се вклучува на часовите во живо. На часовите секогаш имаше по некоја интересна личност со која учениците можеа да се запознаат како на пример Бил Гејтс, актерката Јара Шахиди и креаторот на Google sheets, Фази Хосрошахи. Учениците уживаа во овие средби, секако многу прашања имаа за Бил Гејтс“, вели Димова.
Таа всушност редовно работи на проекти со коишто учениците имаат можности да се запознаваат со нивни врсници од други држави, со експерти од најразлични области, да научат за другите култури и обичаи. Веќе три години по ред нивното училиште учествува во „Skype-a-thon“ (Скајпатон). Станува збор за 48 – часовен настан на кој учениците со користење на „Скајп“ се поврзуваат со ученици од цел свет. Настанот го организира „Мајкрософт“. Димова објаснува дека наставникот треба да биде регистриран на образовната платформа на „Мајкрософт“ за да учествува и преку неа се прават закажувањата на повиците.
Повеќе на Самопрашај.мк.
Фото: Самопрашај.мк