Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ВИДЕО) Сузана Турунџиева на гости кај Атиџе: Ова е најдоброто кое ми се случи во 2020 година

Познатата тв водителка Сузана Турунџиева деновиве беше во посета на хероината од Медена земја, Атиџе Муратова, која пак ја угости со кафе. Турунџиева вели дека 2020 година за неа е промашена година, но средбата со Атиџе и е нејдоброто нешто кое воопшто и се случило.

„Не престанавме 2020та да ја нарекуваме лоша, никаква, негативна, промашена година… Е па за мене 2020та е годината која (иако ми тргна лошо) ќе ја паметам по многу добри нешта, а најдоброто од се е пријателството со Атиџе- жената која ја испрати најсилната порака во светот и хероина, која во целост ја промени мојата “диоптрија” на животот.

Има малку моменти и ситуации за кои ми недостигаат зборови да се искажам… ова е еден од тие… Ќе оставам сликите и видеата да ви раскажат…Му благодарам на животот што ми даде прилика да ја посетам, да пиеме кафе, да се гушкаме, да пееме и да се смееме..
Фала ти животе“, пишува Сузана.

https://www.facebook.com/suzana.turundzieva/videos/10224314306549921/

Трендинг

На почеток
error: