Медиасет.мк

#ФАЦИ

„Абе, дај ве молам, не нѐ е*ете у здрав мозок“, Ноне распали по сите

„Пред десетина дена, младо момче од Велес си го одзеде животот скокајќи од мост во Вардар. Пред 5 дена, некој дедо – ѝ удрил шамарница на касиерката бидејќи се посомневал дека му вратила помалку кусур, по што бил уапсен. Пред три дена, две момчиња се обиделе да ја ограбат касиерката во некој маркет поради што се веќе во притвор.

Во 2020 година на Клиниката за токсикологија се регистрирани над 1400 обиди за самоубиство. Труење со хемикалии, предозирање со дрога, лекови ил алкохол, или комбинации од сѐ. Регистрирани, односно, пријавени. Којзнае колку се непријавени.

Бројот на разводи во однос на претходната година пораснал за 30%. Судски разрешени. Којзнае уште колку се во процедура.

Над 100.000 граѓани се останати без работа. Тројно повеќе живеат на работ на сиромаштијата. Преживуваат. Од пензии/позајмици/лихвари/кредити со камати до небото.

Здравствениот систем ни е во целосен колапс за што предупредуваат и самите лекари. Пациенти со месеци чекаат за магнетна резонанца, мамографија, обичен рентген, неодложни операции, терапии, инсулин.
Луѓето се на работ на разумот, никој не се однесува рационално, сите се нетрпеливи, нервозни, депресивни, па дури и агресивни. Едно цело општество на работ на шизофренија и биполарно растројство.
3% од граѓаните живеат во своите бајковити замоци и ништо не ги засега. Им цветаат бизнисите у време криза, сите тендери минат, одат на одмор у Дубаи и на скијање во Швајцарија.

10% имаат плата секој месец, иако не одат на работа цела година. И нив ништо не ги полазува, ги чува мајка – партија.

Сѐ останато е на работ. Не пред бездна, ами пред амбис.

Личен/емоционален/финансиски/здравствен/фамилијарен/психолошки амбис.
И никој не говори за ова погоре. Никој. 3 минути на вести пред Метео, и толку. Некогаш, ни толку. Како да не постои. Прашина под тепих.

И треба да се занимавам три дена со тоа дека улица Теодосиј Гологанов ќе ја прекрстеле во Дејвид Боуви, а улица Црниче 10 ќе се викала Квин или Есма Реџепова?! И со националноста у личната карта?! И со пописот у скафандери ко на Марс?!

Абе, дај ве молам, не нѐ е*ете у здрав мозок. Дур го имаме, сѐ уште“, напиша Ноне Неделковска.

Пред десетина дена, младо момче од Велес си го одзеде животот скокајќи од мост во Вардар. Пред 5 дена, некој дедо – ѝ…

Posted by Nona Nedelkovska on Wednesday, February 17, 2021

Трендинг

На почеток
error: