Медиасет.мк

#ФОКУС

Академик Александар Димовски: Вирусот не слабее, нашата реакција зависи од спојот на нашите гени со гените на коронавирусот

Зошто е толкава смртноста во нашата држава и зошто млади луѓе од 30 до 40 години, меѓу кои и здрави луѓе во добра физичка кондиција, кои не пријавиле коморбидитети, умираат од коронавирус, се прашањата кои го држат алармот високо дека нешто тука чудно се случува. Центарот за генетско инженерство и биотехнологија „Ѓорѓи Ефремов“ при МАНУ, примарно се зафати да го истражува токму овој феномен, уште пред да дојде пандемијата кај нас, кога тоа се случуваше подалеку, во Кина, во Италија и во Шпанија.

Токму ова е вториот дел од големиот национален проект за истражување кој го почна Центарот за генетско истражување, под водство на професор доктор Александар Димовски од МАНУ.

„Зошто е толкава стапката на смртност кај нас, треба да утврдиме со ова истражување. Засега знаеме дека најголема е стапката на смртност кај тие што имале коморбидитети, кои имале претходни болести, и тоа што е многу чудно, повеќе на кардиоваскуларниот, отколку на белодробниот систем. Статистички кај нас поголема смртност има кај пациенти кои што имале проблеми со срце, со крвен притисок, помалку со белите дробови. Тоа се главно возрасни пациенти“, вели Димовски за СДК.МК

Но, прашањето кое ја вознемирува јавноста е зошто починаа млади пациенти од коронавирус и дали Центарот од досега прибраните и селектираните примероци може да го утврди тоа.

„Втората цел на истражувањето е да видиме зошто некои пациенти оздравуваат, други не? Еве има и стари што оздравуваат. Секако има и повеќемина млади луѓе кои починаа. Ние сега сакаме да утврдиме зошто се случува смртност кај младите луѓе кои имаат исклучително тешка клиничка слика? Нашата хипотеза е дека причината е чиста генетика. Сите сме ние различни, имаме различна боја на очи, коса, висина, тежина, склоност кон болести. Имаме и различна склоност во одговорот кон оваа инфекција. Генетиката на индивидуата треба да ја споредиме со генетиката на вирусот и да ги преклопиме. Можеби ќе можеме да кажеме дека луѓето со таков и таков генетски склоп се под многу поголем ризик за развој на тешка форма на болеста. Ова е од предиктивен аспект битно“, ја кажува академикот појдовната теза, дека нашата реакција кон овој вирус зависи од спојот на гените на секој од нас со гените на коронавирусот.

Тој се спротивставува на тврдењата дека вирусот со текот на времето ослабува, вели дека нема зошто да слабее. Воопшто не ослабува, зашто од еден човек ќе помине на друг.

„Вирусот што прави? Прави различни субспециас, затоа мутира. Тој е еден вирус, но ги има како кај нас со плава коса, со плави очи, црна коса. И зависи сега организмот кон кои од нив ќе развие одбрана, тие ќе ги утепа. Еден-два од нив, нема да ги препознае и тие ќе продолжат да растат. Но тие ќе преминат на друг човек. Па тие малце ќе се сменат кон нив, вирусот ќе направи нешто сосема друго. И на тој начин вирусот се брани од постојана борба на имуниот систем на луѓето спрема овој тип на вируси. Тоа им е нивната одбрана, перманентно малце се менуваат. Прават потомство кое е малце поразлично, но не ослабува“, кажува тој со каква инфекција всушност си има работа човештвото моментално.

Но, истражувањето на Центарот за генетско истражување главно е насочено на нашата ДНК и гените на вирусот, во тоа преклопување, во таа борба за негово сузбивање, а сè со цел да се најде терапија за ублажување на текот на болеста за да не доаѓа до толкава смртност, па и за да се најде што побрзо првата вакцина против фаталниот коронавирус.

Истражувањето треба да го даде овој одговор и претходниот, зошто имуниот систем кај некои луѓе реагира многу брзо, ја чисти инфекцијата, не дозволува воопшто да се развие клиничка слика на болеста, а кај други не. Кај вторите луѓе имуниот систем не реагира, дозволува долго време да трае и да трае, да го малтретира организмот, да прави деструкции и тогаш нема назад.

„Кај трети, пак, вирусот реагира како алергија. Имуниот систем кај овие луѓе ќе го види вирусот и тогаш развива таква деструктивна реакција, да всушност самата реакција кон вирусот го убива пациентот, а не деструкцијата на вирусот“, открива соговорникот.

Целиот текст прочитајте го на СДК.МК

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: