Медиасет.мк

#ФОКУС

Фотографии кои покажуваат како се шират капките од заразените од вирусот ако не носите заштитна маска!

Докторот Рич Дејвис, директор на микробиолошката лабароторија во Вашингтон изведе два едноставни начини на експерименти за да докаже зошто е потребно да се носат заштитни маски за лице.

Научник изведе два едноставни научни експерименти за да ја покаже предноста на носење маски.

– Што прави маската? Ги блокира капките за дишење кои доаѓаат од носот и грлото – напишал доктор Дејвис на Твитер, со фотографија на која е покажан експериментот.

Во првиот експеримент, докторот кивал, пеел, разговарал и кашлал кон агар плоча (служи во лабараториите за испитување бактерии), со и без маска.

Резултатите откриле дека носењето маска ги спречило речиси сите респираторни капки да дојдат специјализараната подлога.

Меѓутоа, агер плочата користена во тестовите без маска била потполно покриена со колонијални бактерии.

Во другиот експеримент, доктор Дејвис тестирал на која одалеченост може да патуваат респираторните капки кога личноста носи маска и кога не носи.

– Ставив плочи на одалеченост од 60 сантиметри, 1,2 метри и 1,8 метри и потоа силно се искашлав во период од 15 секунди. Тоа истото го направив повторно без маска. Како што се гледа по бројот на колонија од бактерии, капките во принцип слетале на површината на плочата одалечена од 1,8 метри, но маската ги блокирала скоро сите – напишал микробиолгот.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: