Медиасет.мк

#ФАЦИ

Боки 13 на итна операција

Бојан Јовановски, познат како Боки 13 утринава итно е пренесен во Клиниката за хируршки болести „Свети Наум Охридски“, или поранешна Градска болница во Скопје, дознава Фактор. Од болнички извори, Боки 13 имал силно воспаление на желудецот, заради што му се прави операција. И претходно, додека траеја судските рочишта Боки 13 чесо се жалеше дека има сериозни здравствени проблеми. На јавноста и е добро познат по случајот „Рекет“ во кој е осуден на 9 години затворска казна. Тој досега поднесе кривични пријави за најмалку 30 лица во скопското обвинителствокои се поврзани со случаите „Рекет“ и „Меѓународен Сојуз“ и се однесуваат на злоупотреба на службената положба, несовесно лекување, измама, и така натаму.

Трендинг

На почеток
error: