Медиасет.мк

#ФОКУС

Додека не ја примат сите Руси, руската вакцина нема да биде достапна во странство

Александар Гинтсбург, директор на Институтот за епидемиологија и микробиологија „Гамалеја“ во Русија, изјави дека не се планира руската вакцина за коронавирус да биде достапна за другите земји во следната година, сè додека не се спроведе вакцинација на комплетното руско население, пренесува Тасс.

Русија на 11 август  стана првата земја што регистрира вакцина против коронавирусот, наречена „Спутник V“, а оваа вакцина е развиена токму од институтот „Гамалеја“.

„Колку што разбрав од разговорите со претставниците на рускиот Фонд за директни инвестиции (РДИФ), кој се занимава со ова прашање, извозот на вакцината не е планиран во следните 12 месеци, се додека не се вакцинира нашата популација,“ рече Гинтсбург.

Тој, меѓутоа, кажа дека се водат преговори за обезбедување технологија за три до пет земји, кои сакаат да ја произведат вакцината.

Трендинг

На почеток
error: