Медиасет.мк

#КОРОНАВИРУС

Два дена по вакцината на „Фајзер“, почина медицинска сестра од Португалија

41-годишна медицинска работничка од Португалија, која немала претходни познати здравствени проблеми, починала одненадеж два дена откако ја примила вакцината против коронавирусот на „Фајзер“ и „Бионтек“, пишуваат медиумите од земјата.

Медицинската сестра по име Соња Асеведо починала „ненадејно“ на 1 јануари, 48 часа откако ја примила вакцината. Властите најавија обдукција која треба да биде направена вечерва или утре, а која се очекува да разјасни барем дел од причините за смртта на Асеведо.

Мајката на две деца, која работела на детскиот оддел на Институтот за онкологија во Порто, немала никакви претходни заболувања или состојби, а не почувствувала ни несакани ефекти од вакцинацијата.

„Таа беше во ред. Немаше никакви здравствени проблеми,“ изјавил таткото на починатата медицинска сестра, Абилио Асеведо, за весникот Корејо де Мања.

„Таа ја доби вакцината за Ковид-19, но немаше никакви симптоми. Не знам што се случи. Само сакам одговори. Сакам да знам што доведе до смртта на ќерка ми,“ изјавил Асеведо.

Ќерката на медицинската сестра, Ванија Фигередо изјавила дека мајка ѝ се пожалила само на „нормална нелагодност“ на местото на инјекцијата, но дека се чувствувала добро.

Институтот за онкологија во Порто издаде соопштение во кое изразува сочувство до семејството на својата вработена.

Трендинг

На почеток
error: