Идните филмови за Џејмс Бонд ќе продолжат да се прикажуваат во кино и покрај договорот на „Амазон“ за купување на студиото МГМ, кое е косопственик на правата на 007.
Гигантот за електронска трговија го купи славното холивудско студио оваа недела. Зделката вредна 8,45 милијарди долари е најголемaта аквизиција за Amazon.com Inc во забавната индустрија.
Продуцентите на Бонд, Барбара Броколи и Мајкл Џ. Вилсон, истакнаа дека договорот не значи оти тајниот агент 007 ќе биде туркан само кон стриминг-услугата на „Амазон“.
„Ние сме посветени да продолжиме да снимаме филмови за Џејмс Бонд за светската кинопублика“, рекоа тие.
