Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Еди Редмејн жали за прифаќањето на оскаровската улога на трансексуалец

Британскиот глумец Еди Редмејн изјави дека не требало да ја прифати улогата на данскиот сликар Ејнар Вегнер (подоцна Лили Елба) – еден од првите мажи, јавни личности, кој во 1930 година, решил со операцијата да си го промени полот. За филмот „Девојката од Данска“ од 2015. Редмејн ја доби втората номинација за „Оскар“ за главна машка улога.

– Не, не би ја прифатил (улогата) сега… Го снимав тој филм со најдобри намери, но мислам дека беше грешка!, рече глумецот за „Сандеј тајмс“.

Инаку, Редмејн го доби „Оскарот“ за улогата на Стивен Хокинг во „Теорија за сѐ“ (Theory of Everything) од 2014 година.

– Поголемата дискусија за фрустрациите околу кастингот е тоа што многу луѓе „немаат стол на масата“, рече Редмејн. – Мора да има „еднакво ниво“, инаку ќе продолжиме да ги водиме овие дебати.

Имено, Редмејн е хетеросексуалец, и според толкувањето на западните медиуми, со ова тој сака да каже дека за улогите на трансексуалци, хомосексуалци, бисексуалци итн., треба да имаат предност личности со такви определби. Џоел Греј, на пр., доби „Оскар“ за неговата слична улога во филмот „Кабаре“ од 1972 година, 40 години пред тој јавно да проговори за својата сексуалност.

– Од сите ликови што некогаш сум ги видел, овој им пркоси на нефер стандардите. Би ги замолил луѓето да го погледнат филмот пред да судат за кастингот, вели Редмејн.

Трендинг

На почеток
error: