Експратеничката од СДСМ, Фросина Ременски, деновиве престојува во Берово. Таа постојано објавува фотографии од нејзиниот викендашки одмор. Од тоа како приготвува кафе, до берење на јаболка, сето ова е споделено со целата јавност.
„Оваа минијатура од јабокло мириса на неоткриен парфем, а има вкус кој враќа векови назад кон поколенијата. Овој ендемски вид јаболка не се бере – се собира од земја и се остава да има за најдарежливата – Земјата која ја држи и која не издржува сите“, напиша експратеничката од СДСМ, Фросина Ременски.
Ременски, која е и професорка на Факултетот за безбедност, постојано споделува и фотографии од нејзиниот дом во Скопје, каде одгледува овошје и зеленчук.
