Медиасет.мк

#ФОКУС

Емотивна објава: Почина мајка ми, ја заразија доктори и сестри кои во пандемија правеа мекици и направија кластер на Нефрологија

Денеска ја погребавме мајка ми, почина од Ковид. Цела година ја пазевме бидејки е во најризицната група (20 години оди на дијализа бидејки нема бубрези, пред 4 години преживеа рак, а пред 2 години имасе тешка операција на срце), внуците цела година си ги гледшсе на вибер. Знаевме дека допир со вирусов за неа е смртна пресуда. На крај ја заразија таму каде што одесе секој втор ден за да преживее, на дијализа. И немашсе да пишувам статус да не ја заразеа сестри и доктори кои во време на пандемија решија да прават мекици во Баба Цана и да направат кластер на Нефрологија. Мене мајка ми нема никој да ми ја врати ама сакав само да дадам ете еден мал придонес во истрагата. Пред да се зарази мајка ми читав дека ќе истражувале како се направил кластер, сега веќе не сум во тек што се случува и до каде е “истрагата”. Знам дека никој нема да сноси последици како што никој за ништо не одговара во оваа држава, но морав да го написам ова и да излезе од мене и конечно да и кажам на мајка ми да пожива во мир, сигурно е сега на поубаво место каде сто веќе не ја боли ништо, стои во емотивна објава на ФБ.

фото: ФБ

Трендинг

На почеток
error: