Медиасет.мк

#ФОКУС

Ериксен е надвор од животна опасност, УЕФА го прекинa натпреварот

Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е надвор од животна опасност. Докторите го реанимираа повеќе од 15 минути, а потоа беше изнесен на носилка од теренот.

На Ериксен му се слоши во 43 минута од натпреварот, кога одеднаш падна на тревата.

Тој е префрлен во болница во Копенхаген, а и покрај страшните сцени за среќа стадионот го напушти во свесна состојба.

УЕФА одлучи да го прекине натпреварот при резултат од 0:0. Во моментов се одржува состанок со службени лица на двете репрезентации, а во 19:45 ќе има официјално соопштение дали и кога ќе биде доигран натпреварот.

https://youtu.be/ZtoWb0Fsbzw

Трендинг

На почеток
error: