Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, конечно ќе може да се всели во нејзината куќа во Дорфулија. Вчера мајсторите завршија со реновирањето, а пејачката и водителка Сузана Турунџиева, објави фотографии од веселбата со нив и пријателите.
„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел, да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Ви благодариме“, напиша таа на „Фејсбук“.
Сузана изминатиов период постојано се залага да ѝ помогне на Атиџе.