Медиасет.мк

#ФАЦИ

(ФОТО) Атиџе од „Медена земја“ конечно ја направи куќата во Дорфулија

Хероината од „Медена земја“, Атиџе Муратова, конечно ќе може да се всели во нејзината куќа во Дорфулија. Вчера мајсторите завршија со реновирањето, а пејачката и водителка Сузана Турунџиева, објави фотографии од веселбата со нив и пријателите.

„Градежните работи во куќата на Атиџе дојдоа во финална фаза. Огромна благодарност до сите добри луѓе кои на иницијатива на Мариа Дуда и нејзиниот сопруг станаа дел од големата донаторска мисија на која спонтано се приклучивме многу луѓе (од целиот свет) со една единствена цел, да и овозможиме достоинствен живот на Атиџе и да ја направиме среќна. Ви благодариме“, напиша таа на „Фејсбук“.

Сузана изминатиов период постојано се залага да ѝ помогне на Атиџе.

 

Трендинг

На почеток
error: