Вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров и неговиот син Калин денеска слават роденден. Димитров, кој полни 48 години, објави слика со синот и им се заблагодари на сите што одвоиле време да им го честитаат роденденот нему и на неговиот син.
„Фала ви знајни и незнајни добри луѓе на честитките, срдечноста и убавите желби! Од мене и од син ми Калин, за кого имав среќа да се роди на мојот роденден: да сте живи, здрави, среќни и исполнети, со љубов, верба и надеж, и со сите ѕвезди ортаци,“ стои во објавата на „Фејсбук“.