Медиасет.мк

#ФАЦИ

Снеже Велков до мајките: Ако денес не стигнал прв на трката не значи дека утре не треба да трча туку дека мора да трча побрзо

„Еј ти мајко на прваче❗ Ако се фалиш мила.❤ Ако направи торта и ако објави секаде дека имаш учениче дома.Акo мила.И ако се расплака кога му ги облекуваше пантолончињата за во школо. Ако. Само ти си знаеш мајко колку ноќи не си спиена ,само ти си знаеш мајко колку денови си бдеела над тоа мало човече и колку држењето за раче ти било најубава мисија.. И нека зборат мајко Аман овие мајките со децата..Аман.. Денес мајко го пушташ од раче…Тоа раче денес ќе треба да научи да крева два прста кога ќе го знае точниот одговор.Тоа раче денес ќе треба да научи да држи молив во рака и да пишува букви и бројки…тоа раче од денес ќе треба да научи со него да понуди помош на другарчето…Тоа раче денес ќе научи да не удира секогаш кога ќе се налути..“, напиша водителката Снеже Велков.

https://www.facebook.com/photo.php?fbid=1995187877282701&set=a.120086674792840&type=3&theater

„Тоа раче еден ден ќе стане рака чиј цврст стисок ќе ја покаже сигурноста на бизнисменот,тоа раче еден ден ќе биде рака на докторка која ќе држи стетоскоп,тие прстиња еден ден ќе бидат прсти на програмер,таа дланка еден ден ќе ги шутира најдобрите кошеви… Но не заборавај мајко дека денес твоето прваче влегува во нов свет каде важат поинакви правила од домашните. Дека ако го искара учителската нема мама да дојде и да ја искара учителската. Дека ако некое девојче ја искубе нема мама да дојде и да му возврати со иста мера.  Дека ако не научи да пишува и чита добро нема да дојде мама и да и каже на учителката да и стави петка.
Дека тоа што му се спие не е изговор да не оди во школо… Дека ако денес не стигнал прв на трката не значи дека утре не треба да трча туку дека мора да трча побрзо… Научи го мајко на почитување на правилата,на дисциплина,на почитување на авторитет научи го мајко на прифаќање пораз и борба сам за себе… Некогаш мајко работите колку и да се тешки за гледање мора да се посматраат од страна… Првачето мајко денес влегува во суровиот свет на реалноста…од тебе мајко зависи дали ќе му дозволиш да стане борец и победник или зависен и несигурен. Среќен почеток Мајки на победници! П.С Моите првачиња денес се во 4 и во 9 одделение“, додаде Велков.

Трендинг

На почеток
error: