Сопругот на Карлеуша нападнат со нож среде Белград

Поранешниот репрезентативец на Србија, Душко Тошиќ бил нападнат со нож среде Белград. Тој заедно со координаторот за физичка подготовка и рехабилитација, Андреја Милутиновиќ, биле нападнати утрово со нож и камења на Калемегдан, додека трчале.

Како што вели извор од блиското опкружување на Тошиќ, станува збор за тројца напаѓачи кои изгледале како малолетници. За среќа, никој од нападнатите не бил повреден.

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *