Медиасет.мк

#ОХРИД

Георгиески повторно ја бара довербата на охриѓани: Резултатите од нашата работа се видливи

„Треба да избереме локална власт. Тоа е право на секој од нас. И јас имам право на избор,а тоа е Охрид. Охрид е светско наследство и национална гордост. Водени од вас, цврсто чекориме кон патот на промените. Горди сме што успеавме да започнеме една нова ера на поголема свесност и тоа што како генерација покажавме дека умееме да ја искористиме историската шанса. Да го зачуваме богатството што ми е оставено во аманет“, истакна на денешната прес конференција кандидатот за градоначалник на СДСМ, Константин Георгиески.

„Резултатите од нашата работа се видливи. Постигнавме многу но убеден сум дека можеме да постигнеме уште повеќе. Сега е време да продолжиме со остварување на нашите цели. Сега е време уште еднаш да се обврземе пред вас и пред себе си дека ќе работиме уште повеќе за интересите на градот. Охрид заслужува да биде град со најдобар квалитет на живот. Град од кој луѓето нема да сакаат да си заминат, туку град во кој луѓето секогаш ќе се враќаат и ќе ги градат своите семејства“, додаде тој.

„Успеавме да ја оствариме нашата најважна мисија, а тоа е раслизција на процесот на раздолжување на општината со што исполнавме едно големо ветување со кое бевме обврзани пред вас. Со плански менаџмент направивме сериозни капитални инвестиции и за реконструкција на важни градски сообраќајници, реализиравме и низа големи проекти во сите основни и средни училишта, со што го подигнавме воспитно образовниот процес на едно повисоко ниво. Бевме и сотанавме исклучително посветени на исполнување на препораките на УНЕСКО. Продолжуваме со уште посилно темпо во насока на зачувување на статусот на заштитен регион. Врз основа на приоритетните потреби на заедницата во текот на престојниот мандат носиме нови и квалитетни решенија за секој граѓанин да добие подобри услови во својата средина. Креираме проекти за подобра инфраструктура, обезбедуваме подобро урбано планирање, заштита на животната средина, современ туризам, побрз локален економски развој и социјална сигурност за младите. Нашата предизборна програма е втемелена на вашите потреби и реални визии. На 17 ти октомври да останеме посветени на вистинскиот пат. Ајде да продолжиме заедно да го развиваме Охрид. На 17 ти октомври да го заојружиме бројот 12 и да го избереме најдоброто за Охрид“, истакна Георгиески.

Трендинг

На почеток
error: