Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Цеца мораше да купи ташна, откако Карлеуша ја вети и не ја подари

Ташната која Јелена Карлеуша и ја вети на гледачката Новка која две години оди на снимањата на „Sвездите на Гранд“ и не и ја донесе, сепак, ја купи Цеца. Српската дива и донесе на Новка ташна од крокодилска кожа. Новка беше изненадена од гестот и се заблагодари. На шала и се обрати и на Марија Шерифовиќ, која е член на жирито.

„Маро, ти требаше да агитираш кај твојата пријателка“, рече Новка мислејќи на Карлеуша, на што доби одговор: „Пробував, се обидував.. Ама важно работата е решена“.

На дискусијата се приклучи и Ана Бекута која ја праша Цеца дали таа и вообичаено враќа туѓи долгови или само кога се во прашање ташни, на што Цеца одговори: „Зависи чии се и колкави се“.

Трендинг

На почеток
error: