Медиасет.мк logo
Промени тема
Вирално

Ги пиете секој ден, а содржат огромна количина шеќер: Пет пијалаци на кои треба да внимавате

Медиасет.мк
пред 2 часа
sok

Прекумерниот внес на шеќер го зголемува ризикот од дебелина, дијабетес тип 2 и срцеви заболувања. Секој што сака да го намали внесот на шеќер треба особено внимание да обрне на пијалаците, бидејќи во нив често се крие голема количина додаден шеќер. Иако може да изгледаат безопасно, одредени пијалаци можат значително да го зголемат дневниот внес на шеќер, а да не сме свесни за тоа. Според порталот Verywell Health, некои пијалаци треба да се ограничат или да се избегнуваат во секојдневната исхрана.

Газирани пијалаци

Газираниот сок е меѓу пијалаците чија консумација е најдобро да се ограничи, особено ако се пие секојдневно. Тој се поврзува со поголем ризик од хронични заболувања, а честото консумирање може да биде поврзано и со зголемен крвен притисок и помала густина на коските. Освен тоа, газираните пијалаци често содржат многу големи количества додаден шеќер.

Во зависност од видот и големината на пакувањето, едно шише или лименка газиран сок може да содржи повеќе од 30 грама шеќер. Тоа е речиси еднакво на максималниот препорачан дневен внес на додаден шеќер за мажите, додека кај жените таквата количина може да ја надмине препорачаната дневна граница.

Овошни сокови

Иако често се сметаат за здрав избор, овошните сокови можат да содржат големи количества шеќер. Тие содржат корисни хранливи материи, како витамин Ц, магнезиум и калиум, но една чаша од 2,4 децилитри во просек содржи 28,7 грама шеќер. Поради тоа, се препорачува нивниот внес да се ограничи, идеално на најмногу 1,8 децилитри дневно.

Енергетски пијалаци

Енергетските пијалаци се популарни поради содржината на кофеин, но често содржат и многу големи количества шеќер. Во зависност од видот и големината на пакувањето, една лименка може да содржи повеќе од 50 грама шеќер, што претставува значителен дел од препорачаниот дневен внес.

За разлика од газираните сокови, енергетските пијалаци често се збогатени со одредени хранливи материи, како ниацин, рибофлавин, витамин Б6 и калциум. Сепак, поради високата содржина на шеќер, овие хранливи материи е подобро да се внесуваат преку разновидна и урамнотежена исхрана.

Спортски пијалаци

Спортските пијалаци се користат за надоместување на електролитите и хидратација за време на интензивни физички активности, но често содржат значителни количества шеќер. Некои спортски пијалаци во едно шише можат да содржат повеќе од 30 грама шеќер, во зависност од големината на пакувањето и составот.

Постојат и верзии без шеќер, кои не содржат калории од додаден шеќер, но и со нив не треба да се претерува бидејќи вештачките засладувачи се поврзуваат со одредени здравствени ризици.

Чоколадно млеко

Чоколадното млеко често се смета за поздрава опција бидејќи обезбедува важни хранливи материи, како калциум, протеини, магнезиум, витамини А и Д, фолна киселина, селен и цинк. Сепак, една чаша од 2,4 децилитри содржи околу 24,8 грама шеќер. Поради тоа, на оние кои сакаат да го намалат внесот на шеќер им се препорачува да избегнуваат секојдневно консумирање чоколадно млеко.

Што да пиете наместо тоа?

Наглото откажување од засладените пијалаци може да биде тешко. Како алтернатива се препорачуваат газирана вода без додаден шеќер и засладувачи, обична вода со додавање малку овошен сок, исечкано овошје или свежи зачини, како и домашен незасладен чај.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Медиасет за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryqgskisbp0jun12Nq4mb

Ви се гади додека се возите во електричен автомобил? Експертите имаат објаснување

Вирално | пред 4 часа

media-librarydrtk0n2uqufi6gfeQOB

(Видео) Погледнал низ прозорецот на авионот и останал збунет: „Зарем сме во вселената?“

Патувања | пред 5 часа

media-librarymoih7ksa3kfr8D33op8

Нова голема промена на WhatsApp: Еве каде ќе бидат каналите отсега

Технологија | пред 5 часа

media-libraryfgh7so5b5fv41t2rZX5

(Видео) НАСА објави снимка од изгрејсонцето на Марс

Вирално | пред 7 часа

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања