Медиасет.мк

#ФОКУС

Џими од Нигерија, кандидат за градоначалник на Штип

Симон Поликарп, познат како Џими од Нигерија, е еден од кандидатите за градоначалници на предвремените локални избори во Општина Штип. Тој долги години живее во градот, а е кандидат на партијата ИНТЕГРА.

Покрај Џими во трката за градоначалник на Штип со мандат до октомври 2021 година влегуваат независниот кандидат, Трајче Митев, Лазар Наумов од партијата ТМРО, потоа докторот Сашко Николов од СДСМ, Гоце Ангелов од коалицијата „Иднината во наши раце“,  составена од партиите Демократи и Македонска обединителна реформска организација-Работничка партија.

На овие избори ВМРО-ДПМНЕ нема да има свој кандидат, по одлуката донесена на Извршниот Комитет која ја правдаат со големиот број на заболени и починати од коронавирусот.

На 11 декември ќе гласаат болните од коронавирус, на 12 декември болните, изнемоштени лица и осудениците во затворите. На изборниот ден 13 декември, гласачките места ќе бидат отворени во 7 часот наутро.

Трендинг

На почеток
error: