Медиасет.мк

#ЖИВОТ

Како да се намали ризикот од пренесување на коронавирус во автомобил

Пред неколку дена беше објавена научна студија која го проучува протокот на воздух во автомобилите, и разни симулации за тоа како микроклимата на кабината влијае на потенцијалното пренесување на микроорганизми помеѓу патниците.

Веќе знаеме дека вирусот корона, како и многу респираторни вируси, се пренесува преку капки. Самиот вирус е многу чувствителен на влијанија од надворешната средина, но кога е во капка вода, може да преживее многу долго и лесно се пренесува преку воздухот. Ова особено важи за малите затворени простори, како што е кабината за автомобили. Затоа е идеално да се вози сам во автомобил. Меѓутоа, во повеќето случаи тоа не е можно, и е економски и еколошки лошо.

Загадувањето на воздухот во автомобилот е неизбежно, но…

Друг начин на заштита во случај кога повеќе луѓе се возат во автомобилот е сите да носат заштитни маски или да користат заштитни бариери помеѓу седиштата. Сепак, овие капки минуваат низ повеќето материјали, освен преку специјални филтри. Капките што потенцијално го содржат вирусот се исфрлаат во кабината дури и со дишење и зборување, а особено со кашлање и кивање, па загадувањето на воздухот во кабината е практично неизбежно.

Значи, најважно е степенот на промена на воздухот во кабината, односно да се дозволи да влезе свеж воздух однадвор и да се исфрли контаминираниот – колоквијално, со проветрување.

Проветрувајте го возилото исклучиво на овој начин

Оваа студија, проучувајќи го протокот на воздух однадвор низ кабината и во самата кабина, со различни комбинации на отворени и затворени прозорци, дошла до заклучок дека е најдобро патниците да возат со сите отворени прозорци затоа што така најмногу се менува воздухот во кабината. Сепак, ова не е секогаш можно, особено во зимските месеци или на автопат. Од друга страна, најнеповолна опција е кога сите прозорци се затворени и кога протокот на воздух е овозможен исклучиво од клима уредот.

Од сите други комбинации на отворени и затворени прозорци, најповолна е кога задниот лев прозорец и предниот десен се отворени. Ова е случај ако патникот седи позади десно, со што се постигнува најголемо растојание помеѓу него и возачот. Во оваа комбинација, воздухот се менува низ овие два прозорци, а патникот и возачот не го попречуваат тој проток и доаѓаат во минимален контакт со честичките на вирусот во воздухот.

Трендинг

На почеток
error: