Холивудскиот актер Алек Болдвин, на снимањето на филмот „Rust“, случајно ја застрела директорката на фотографија, Халина Хачинс, која почина од прострелна рана.
Халина Хачинс, чие вистинско име е Галина, имала 42 години кога настрада во несреќа, која се случила вчера во импровизирана црква на филмски сет.
Нејзиниот колега снимател Ел Шнајдер напиша на Твитер по нејзината смрт:
„Халина беше убиена за време на снимање на вестерн. Камерманите историски се држат настрана од овој жанр, а особено сурово изгледа што животот на една од ѕвездите во подем, која успеа да се пробие, заврши на проектот за кој се боревме“.
Хачинс, која е родена во Украина во 1979 година, пораснала во советска воена база во Арктичката област. Таа го посетувала Националниот универзитет во Киев и дипломирала меѓународно новинарство пред да започне да работи на британски документарни продукции како истражувачки новинар.
Подоцна се преселила во Лос Анџелес и дипломирала на Конзерваториумот на Американскиот филмски институт во 2015 година. Во 2018 година, била снимател во лабораторијата „21th Century Fox DP“, а една година подоцна била избрана за една од sвездите во подем на списание „American Cinematographer“
„Толку сум тажен поради загубата на Халина. И толку лут што се случи на снимање. Таа беше голем талент кој беше апсолутно посветен на уметноста и филмот“, напиша актерот Џо Манганиел.