Медиасет.мк

#ТРЕНД

Вил Смит помислувал да го убие својот татко

Вил Смит на 9 ноември ќе ги објави своите мемоари, а јавноста веќе неколкупати беше изненадена со делови кои досега се објавени. Меѓу другото, тој пишува и дека размислувал да го убие својот татко поради семејното насилство.

„Кога имав девет години, видов како татко ми толку силно ја удира мајка ми, така што таа се струполи на подот. Потоа таа плукна крв. Тој миг во спалната соба ја одреди мојата иднина“, пишува глумецот.

Траумата влијаела на неговиот живот и кариера.

„Сè што направив оттогаш, вклучително и освојувањето бројни награди, беше суптилен начин да ѝ се извинам на мајка ми за тоа што не направив ништо дента. Ја разочарав, не успеав да му се спротивставам“, додава тој.

Родителите на Вил – Вилијам Керол Смит Постариот и Керолин Брајт почнале да живеат одвоено додека глумецот бил тинејџер, а се развеле во 2000 година. Вил си спомнува и како десетлетија подоцна морал да се грижи за својот татко кој имал рак.

„Една ноќ го возев во ортопедска количка од спалната до бањата. Минавме покрај работ на скалите и почувствував потреба да го турнам. Како дете секогаш си велев дека ќе се одмаздам ​​за мајка ми и ќе го убијам кога би бил доволно голем и силен и нема да бидам кукавица“, вели тој.

Сепак, помислата за убиство не надвладеала.

Трендинг

На почеток
error: