Медиасет.мк

#ФАЦИ

Коронавирусот однесе уште една легенда – почина Ѓорѓе Балашевиќ

Познатиот српски и југословенски кантавтор, поет, музичар и актер Ѓорѓе Балашевиќ починал денеска на 67-годишна возраст во болница во Белград како последица од компликации поврзани со коронавирусот, објавија српските медиуми.

Балашевиќ пред три дена беше примен на Инфективната клиника во Белград, откако му се влошила здравствената состојба, а лекарите му дијагностицираа тешка пневмонија која ги зафатила двете белодробни крила. Познатиот музичар се лекувал дома десетина дена, а во болница се јавил дури откога симптомите драстично му се влошиле.

„Панонскиот морнар“ и неговите меланхолични стихови, без кои во изминатите четири децении тешко можеше да помине која било младешка љубов на просторите на поранешна Југославија, беа омилени ширум старата држава, а тој беше еден од првите српски музичари кои по крвавите војните во 90-те, беа добредојдени и продолжија да настапуваат во Хрватска, Босна и Херцеговина и Словенија.

На почеток
error: