Медиасет.мк

#АНИМАВЕТ

Кучињата мора да се шетаат двапати на ден

Министерството за земјоделство на Германија изготви нова регулатива со која на сопствениците на кучиња им налага најмалку две прошетки на ден со нивните миленици.

Во нацрт-регулативата се вели дека кучето мора да се изнесе надвор најмалку двапати, или вкупно еден час дневно. Така, документот всушност забранува кучињата да остануваат сами дома во текот на едно деноноќие.

– Причината за ова правило се новите научни сознанија за потребите на кучињата. Кучињата, исто така, треба да имаат можност за доволно движење и контакт со надворешниот свет, рече министерката Jулија Клекнер.

Исто така е забрането подолготрајно држење на кучињата на синџир.

Новата регулатива содржи и други нови правила за одгледувачите на кучиња, за максималниот број женки со кутриња, кој е ограничен на три, како и за кутијата за чување, во однос на нејзината големина и температурата.

Трендинг

На почеток
error: