Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Марадона или Мадона, на „Твитер“ се збунија за тоа кој починал

Веста за смртта на легендарниот фудбалер Диего Марадона предизвика забуна кај дел од корисниците на Твитер, кои наместо со Аргентинецот, напишаа пораки користејќи хаштаг во кои се простуваат од поп-ѕвездата Мадона.

Поради ова, попладнето и вечерта, твитовите со хаштагот #madonna влегоа меѓу глобално најпопуларните теми на социјалната мрежа.

Голем број луѓе и погрешно разбрале дека всушност починала американската пејачка.

Не требаше многу за корисниците на Твитер да почнат да објавуваат твитови со кои се исмева денешната забуна поради сличноста во имињата.

На почеток
error: