Медиасет.мк

#ФОКУС

Почина легендарниот Марадона

Легендарниот аргентински фудбалер, Диего Армандо Марадона (60) почина од срцев удар во родната земја, јавуваат тамошните медиуми. Легендарниот фудбалер починал во својот дом, во Тигре.

Марадона се опоравуваше од операција на мозокот.

На почетокот на месецов Марадона беше примен во болница поради губење на енергија, но потоа било утврдено дека имал крварење во мозокот. На 12 ноември му беше опериран хематом во главата, по што бил испратен на домашно лекување.

Лекарите констатирале дека е во добра општа состојба, но се чини животот кој го водеше популарниот „Ел Пибе“ оставил последици.

Диего Армандо Марадона е роден на 30 октомври 1960 во Вила Фиорито, Буенос Аирес. Стана светски првак во Мексико 1986 година и еден од најдобрите и најпопуларни фудбалери на сите времиња.

На 22 јуни во 1986, репрезентацијата на Аргентина ја победи Англија во четвртфиналето на Светското првенство, на натпревар кој ќе остане запаметен по двата гола на Марадона: „Божјата рака” и „Голот на векот”.

Трендинг

На почеток
error: