„Петре Шилегов, Тина Петрушевска,
Дека успеавте да ги решите сите бездомни кучиња, па сега на ред дојдоа кучињата со сопственици. И тоа пази богати, баш младите и расни кучиња. Ова не е Том, ова е Пабло, кумот малку утнал работа. Пабло избегал вечерта на Нова година, исплашен од петардите, а сопствениците си го бараат секој можен ден во институцијата со која раководите. Како доказ имаат ветеринарна книшка за вакцинација, фотографии и видеа и својот миленик.
Не им го враќате, иако ве премолеа, им барате 300 евра небаре ко во „Мериот“ да престојувало!
После тоа го прекрстувате и огласувате за вдомување, како да е играчка! Раѓате сомнежи за незаконско работење, кое понатаму секако ќе биде предмет на наш интерес.
ДА – за казни за неодговорно сопствеништво и ДА за задолжително чипирање. И да, апсолутно е потребно да се носи одговорност, но не врз грбот на миленикот! Вратете им го Пабло на сопствениците, зошто се останато ќе биде нелегална трговија со кучиња!“, напиша активистиката Мери Јордановска.