Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е позитивен на коронавирусот. Тој веста ја објави на социјалните мрежи.
„По забележаните првични полесни симптоми, ги добив резултатите од тестирањето кои покажуваат дека сум позитивен на вирусот Ковид-19. Иако ги почитував препораките на здравствените лица, сепак се покажа дека не секогаш тоа е доволно. Чувајте го вашето здравје. Ќе го помине и ова и на крај ќе победиме за нашата иднина“, напиша Мицкоски.
