Медиасет.мк

#КИНО

МНТ со претстава за медицинските лица кои лекуваат болни од корона

Македонскиот народен театар на 14 октомври ќе ја почне новата сезона по паузата од осум месеци поради коронакризата. На првата претстава се поканети медицинските лица.

„ Ги поканува хероите на ова време – лекарите и медицинскиот персонал од Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, ГОБ „8 Септември“, Детската болница — Козле, епидемиолозите и матичните лекари. Оставете ги белите мантили и уживајте во актерската игра“, велат од МНТ.

„Говорна мана“ по текстот на Горан Марковиќ, во режија на Драгана Милошевски-Попова е првата престава која ќе се изведе на 14 октомври во 20 часот. Согласно протоколите за работа на културните институции, во салонот ќе може да седат од 160 до 180 лица.

Во претставата играат: Игор Џамбазов, Сашка Димитровска, Ивица Димитријевиќ, Арна Шијак, Ана Стојановска и Билјана Јовановска.

На почеток
error: