Медиасет.мк

#ФОКУС

Националната агенција ги прекина проектите на фризерницата на Златковски

Суспендирани се два проекти, а во мирување се ставени три постапки за потпишување на нови договори за грант помеѓу фризерница „В.Е.З Трејд“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Одлуката е донесена од новиот директор Марко Ѓоргиески, откако Националната агенција била известена дека против сопственикот на грантираната „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски, е поведена кривичната постапка по поднесена кривична пријава од Управа за финансиска полиција, објави А1ОН.

Вкупната вредност на суспендираните проекти и не потпишаните договори за грант е 211.600 евра. Тие решенија ќе важат се додека постапката која ја води Обвинителството не добие правен епилог. Проектите за кои Националната агенција засега не потпишува договори се „Бура од иновации – претприемачки предизвици“, „Флексибилна платформа за барање работа“, „Едукација на медиумската писменост во дигиталното опкружување 2“, за кои „В.Е.З Трејд“ во сопственот на Златковски беше грантирана минатата година. Суспендирано е и имплементирањето на два договори за грант. Едниот е од 2019 година и е со вкупен износ од 30.115 евра, а другиот од 2020 година во износ од 33.172 евра.

Текстот во целост на: А1ОН.

фото: А1ОН

Трендинг

На почеток
error: