Суспендирани се два проекти, а во мирување се ставени три постапки за потпишување на нови договори за грант помеѓу фризерница „В.Е.З Трејд“ и Националната агенција за европски образовни програми и мобилност. Одлуката е донесена од новиот директор Марко Ѓоргиески, откако Националната агенција била известена дека против сопственикот на грантираната „В.Е.З Трејд“, Зоран Златковски, е поведена кривичната постапка по поднесена кривична пријава од Управа за финансиска полиција, објави А1ОН.
Вкупната вредност на суспендираните проекти и не потпишаните договори за грант е 211.600 евра.
