Медиасет.мк

#ФОКУС

Насловна страница што ќе ја прочитате само ако сте оддалечени 2 метра

Најпознатиот дневен весник во Финска Hensingin Sanomat на необичен начин ги потсети читателите да одржуваат дистанца во време на пандемијата со коронавирус.

Оптичката илузија поставена на насловната страница прави да може да ја прочитате само ако сте оддалечени 1,5 до 2 метри од весникот. Ќе прочитате: „Чувајте се. Оддалеку.“

„Не сакавме да направиме традиционално упатство за да им покажеме на луѓето што треба да прават. Наместо тоа, сакавме да им пружиме вистинско искуство за да може да експериментираат и да видат која е реалната дистанца. Ефектот на замагленост го постигнавме со оптичка илузија и сметаме дека добро ни послужи за реализација на целта“, велат авторите.

Кликни за да коментираш

Leave a Reply

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Трендинг

На почеток
error: