Медиасет.мк

#ТРЕНД

Навивачите му се потсмеваат на Роналдо: Изгледаш како човек кого го натерала баба му да се слика во пижами кои му ги купила за роденден

Кристијано Роналдо повторно е мета на потсмев на Твитер и Инстаграм поради неговиот стајлинг.

Имено, тој на социјалните мрежи објави фотографија од луксузната јахта, на која ужива со семејството. На фотографијата тој лежи во свилени пижами од брендот „Луј Витон“, чија цена е околу 2.200 евра

Но, фановите му порачаа дека пижамите изгледаат како да му ги шиела баба му.

„Роналдо, изгледаш како човек кого го натерала баба му да се слика во пижами кои му ги купила за роденден“, „Се колнам дека мојата мајка носи вакви работи кога оди на спиење“, „Мамо, зошто Роналдо ги носи твоите пижами?“, „Пижамата ти е луда, не ме интересира колку чини“ – се само дел од коментарите на Твитер.

Трендинг

На почеток
error: