Медиасет.мк

#ФАЦИ

Објавена листата на музичари кои добија помош, што не добија ништо реагираат

Финансиската помош во износ од 29.000 денари, односно по 14.500 денари за месец април и мај,  Владата им додели на музичарите, за кои комисија проценила дека се во незавидна состојба.

И покрај поделените пари, имаше незадоволни естрадни уметници, кои на своите профили ја споделуваат листата со имиња на нивни колеги за кои тврдат дека не требало да добијат ниту денар бидејќи не се социјално загрозени.

На листата има голем број на имиња од фолк, а помалку од поп естрадата.
Ѓоко Танески, Димитар Андоновски, Александра Јанева, Ивица Брчиоски (Ареа) од забавната сцена, а пак од фолкерите, можат да се прочитаат имиња на повеќе музички ѕвезди – Сузана Гавазова, Анета Наковска, Благица Павловска, Ирена Спасовска, Вики Среброва и нејзиниот син Нико Сребров, Цане Петров, Горан Кукиќ, Златко и Влатко Миладиноски, синот на Војо Стојаноски, Дамјан, Татијана Стефановска ( Бежаноска), Цане Петров, Ани Малинкова и други.

Во периодот на пандемијата најбурно реагираа уметниците што пеат на свадби, кои реално беа најпогодени од кризата бидејќи семејните веселби беа забранети веднаш во март. Но, изборот сега ги налути нивните колеги кои пеат само на свадби, а немаат турнеи, па тие обвинуваат дека финансиска помош им се доделила на музичари што пред кризата имале голем број настапи и турнеи кај нашата дијаспора и дека тие не се во незавидна положба.

Трендинг

На почеток
error: