Ејч-би-о во моментов работи на три нови спинофи на мегапопуларната научно-фанатстична серија „Игра на троновите“, која заврши во 2019 година по осум сезони.
Новите серии ќе раскажуваат приказни за ликовите кои играле витални улоги во историјата на светот што го истражуваше Џорџ Р.Р. Мартин во неговите романи.
Два од проектите се во рана фаза на развој и сè уште немаат приложено сценаристи или режисери.