Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Новогдишната програма на МРТВ ќе си грми!

За дочекот на новогодишната ноќ, кога се актуелни препораките да се слави дома, извесно е дека најголемиот дел од граѓаните ќе ја поминат ноќта пред вклучен телевизор. Од националниот сервис МРТ откриваат дека за гледачите е подготвено празнично издание на хумористичната серија ,,Преспав” кое ќе се емитува на 31-ви декември. Останете дома за Нова година и празнувајте одговорно со ,,Преспав” на МРТ, порачаа од продукцијата, чија новогодишна епизода која ќе се емитува од 21 часот, па се до полноќ. Најавија музички гости, помеѓу кои Сузана Спасовска, Влатко Стефановски, Ѓоко Танески, Дарио, пишува Фокус.

-И оваа година ,,Преспав” подготвува три – часовна новогодишна програма со многу песни проткаени во самите дејствија, налик мјузикл, што ќе се емитува на 31.12.2020 со почеток во 21:00 часот на МРТ1. Во новогодишната епизода, пансионот се соочува со истите предизвици како и угостителскиот сектор во моментов, поради пандемијата, но сепак не се откажува од прославата и позитивниот дух. ,,Преспавци” како вистинска фамилија, самите ќе си приредат забава со многу песни и танцување, а ќе им се придружат и ѕвезди од македонската естрада, но преку лајф стриминг. Дел од музичките гости во новогодишното издание ќе бидат Влатко Стефановски, Дарио, Ѓоко Танески, Сузана Спасовска. – најавуваат од продукцијата.

На почеток
error: