Медиасет.мк

#ЏЕТ-СЕТ

Работи кои не ги знаете за Бред Пит: Има помлад брат, богат скоро колку него

Јавноста знае скоро сè за еден од најзгодните актери во Холивуд, Бред Пит, но многумина не знаат дека тој има и три години помлад брат Даглас, кој е голем филантроп.

За разлика од неговиот брат, чиј живот беше обележан и со бурни љубовни врски, Даг е во среќен брак триесет години и има три деца.

Даг собра 750.000 американски долари за проекти за чиста вода во Танзанија и ја основа фондацијата „Care To Learn“, која се грижи за сиромашни деца.

Тој се решил да ја основа оваа фондација откако слушнал приказна за момче кое го исмевале децата на училиште затоа што ги носел панталоните на мајка си и немал пари за нови.

Својата кариера ја започнал во компјутерска компанија и со тој бизнис продолжува да се занимава и понатаму, а американските медиуми пишуваат дека тој е многу успешен и заработува нешто помалку од неговиот постар брат.

Се проценува дека богатството на Даг е 240 милиони долари, додека на Бред е 300 милиони долари.

Даг се занимава со фотографирање и продажба на свои фотографии, а парите ги донира на хуманитарни организации. Во една прилика, тој раскажа дека на почетокот го нервирало кога новинарите му се јавувале за да добијат информации за неговиот брат, па решил да измислува приказни за да види дали ќе ги објават или не.

Тој исто така рече дека започнал да ги фотографира папараците кои го следеле, што им пречело, па тие престанале да го следат.

Слободното време Даг секогаш го посветува на своето семејство, а кога се заедно често одат на планинарење или возење велосипед во природа.

Трендинг

На почеток
error: