Медиасет.мк

#ФАЦИ

Откако ја критикуваа дека оди на журки, а детето не и оди на училиште: Симнете ми се од врат

Поранешната водителка Миа Костова се огласи на својот фејсбук профил откако беше искритикувана дека во време на пандемија оди на журки, а детето поради коронавирусот не оди во училиште.

Според водителката журката била на отворено, и смета дека од нејзина страна не бил прекршен ниту еден закон.

„Не сакав да се обратам на тема ‘двојните аршини’ и двете слики од религиозната поворка и сликите од журка.
Видете вака, ако некој воопшто следеше препораки и не излезе од дома 3 месеци тоа бев јас. Ама, апропо сликата под која фино кажувам дека заради послушност се осеќам ко магаре исто така фино најавив дека би отишла на журка на отворено, зашто? Затоа што наспроти се’ константно сме мајмуни и со мерки и без нив. А крајно, јас закон не прекршив. И уште покрајно, моето дете не оди во училиште заради протоколите (маски и несоцијализација како во затвор), раздалеченоста од училиште а прекратко времетраење на часовите и така… а не заради корона! Можете слободно да ми се симнете од врат и да си најдете друга занимација“, стои во објавата на фејсбук.

Трендинг

На почеток
error: