Медиасет.мк

#ФАЦИ

Панчо го истетовира македонското знаме и презимињата на фудбалските репрезентативци

Панчо од ДНК на своето тело го истетовира македонското знаме и имињата на нашите репрезентативци во име на пласманот на Европското првенство.

„Кога ќе ти се исполни детскиот сон, моментот мора да се овековечи.

Оваа тетоважа ми е една од позначајните кои ги имам на моето тело и сум горд на истата исто толку колку што сум горд и на нашите репрезентативци кои ни ја приуштија оваа неопислива радост. Ни покажаа и докажаа на сите нас како со сплотеност и верба се постигнува успех.

Браво момци, херои наши!

МАКЕДОНИЈА на европско 2021“, напиша Панчо.

Трендинг

На почеток
error: