По речиси 35 години на модната писта, британскиот супермодел Наоми Кембел е сè уште едно од најголемите имиња во модата.
50-годишниот супермодел, кој се прослави во 90-тите, покажа дека малку нешто се променило во нејзините три децении во модната индустрија кога минатата недела ја затвори ревијата на Мајкл Корс во Њујорк.
Наоми, која го доби препознатливиот прекар Црн Пантер, почна да се занимава со манекенство на 15-годишна возраст и докажа дека децении подоцна таа сè уште ги освојува модните писти.
На ревијата на Мајкл Корс таа помогна во одбележувањето на 40-годишнината на брендот. Виртуелното шоу беше своевидна ода на Бродвеј со модели што ја претворија West 45th Street во Менхетн во своевидна модна писта. Наоми ја затвори ревијата во црн фустан со должина до подот во комбинација со палто.
Наоми е една од најплатените модели во светот која најдолго опстојува на модната писта, со над 40 милиони долари на својата штедна книшка. Таа порасна во Стретем, сиромашно јужно предградие на Лондон.
Црниот Пантер сè уште ги освојува модните писти и важи за една од најдрските личности во светот на модата.