Медиасет.мк

#ТРЕНД

ВИДЕО: Адријана Лима слави Божиќ со хитовите на Лепа Брена

Светски познатата манекенка од Бразил, Адријана Лима, денеска објави серија видеа на социјалните мрежи, со кои пренесува дел од божиќната атмосфера во нејзиниот дом.

На снимката, која е дел од повеќе слики и видеа од стории на кои Лима е заедно со пријателка, таа ја покажува раскошно подготвената божиќна трпеза наместена за повеќе луѓе во нејзината куќа, но, ако сте од Балканот, она што прво го привлекува вниманието е музиката што се слуша во позадина – хитот на Лепа Брена – „Југословенка“ од 1989 година.

Очекувано, екс-ју корисниците на социјалните мрежи беа воодушевени од снимката на топ-моделот, а многумина коментираа дека со творештвото на Лепа Брена, Лима мора да се запознала во времето кога беше во брак со српскиот кошаркар Марко Јариќ.

Трендинг

На почеток
error: