Медиасет.мк

#ФАЦИ

Реагираше и градоначалникот на Лозово, соседот на Атиџе повеќе нема да ја вознемирува

Градоначалникот на Општина Лозово, Ацо Велковски на својот Фејсбук профил објави дека разговарал со Хусеин соседот на Атиџе, и добил ветување дека меѓусоседските односи ќе се подобрат.

„За да помогнам како градоначалник, денес лично разговарав со нејзиниот комшија Хусеин со кој имаат нарушени меѓучовечки односи, кој моментално беше во село Дорфулија со кој разговарав да се надмине нивниот проблем кога се заедно во село Бекирлија. Во разговор со Хусеин најдовме заедничко разбирање си подадовме рака дека заедно ќе ја смириме целата ситуација и за време на викендов заедно ќе одиме кај Атиџе во с.Бекирлија да се помират меѓу себе и да испиеме заедно пријателско кафе и да живеат како добри комшии“, напиша Велковски.

Тој информира дека животот на Атиџе не е загрозен и додава дека кај Хусеин веќе биле службени лица од Полицијата кои разговарале со него, а отишле и кај Атиџе за изјава.

Претходно Атиџе преку медиумите побара помош, затоа што соседот и правел проблеми и ја вознемирувал.

На почеток
error: