Медиасет.мк

#ФОКУС

(ФОТО) Скопје се гуши во загаден воздух и магла

Граѓаните на Скопје повторно преку социјалните мрежи реагираат за загадувањето во главниот град. Тие посочуваат дека воздухот веќе почна да мириса на чад и дека надвор не се дише.

На фотографиите се забележува дека индустриски објект испушта големи количества чад во воздухот.

Покачено ниво на ПМ10 честичките или загаден воздух од утрово има низ Скопје. Според мерните станици и апликацијата „Мој воздух“, најголема е загаденоста во сите места помеѓу Ново Лисиче и Центар.

 

Фотографиите се преземени од Фејсбук 

 

Трендинг

На почеток
error: