#ОХРИД

СВИКАНА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

Објавено на

Врз основа на член 37 од Законот за локалната самоуправа („Сл.весник на РМ“ бр.5/2002), член 19 од Статутот на општината Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.8/07, 01/08, 10/10, 05/11, 09/14, 14/14, 10/19 и 15/20) и член 4 од Деловникот за работа на Советот на општина Охрид („Сл.гласник на општина Охрид“ бр.16/2014), Претседателот на Советот донесува:

Р Е Ш Е Н И Е
ЗА СВИКУВАЊЕ НА ПРВАТА КОНСТИТУТИВНА СЕДНИЦА
НА СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ОХРИД

ЈА СВИКУВАМ првата конститутивна седница на Советот на општина Охрид на ден 10.11.2021 година (среда ) со почеток во 12,00 часот.

Седницата ќе се одржи во зградата на општина Охрид.

За седницата го предлагам следниот:

Д Н Е В Е Н Р Е Д

1. Избор на Комисија за верификација, избори и именувања.

2. Верификација на мандатите на членовите на Советот на општина Охрид.

3. Избор на Претседател на Советот на општина Охрид.

СОВЕТ НА ОПШТИНА ОХРИД
Претседател
Живка Ангелоска

Трендинг

Exit mobile version