Медиасет.мк

#ФОКУС

Универзална сала сепак нема да се урива, по шест години, почнува нејзина реконструкција

Универзалната сала нема да се урне, како што беше најавувано изминативе години, туку ќе се реконструира во сегашниот облик и големина, рече денес на прес-конференција градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов. Реконтрукцијата почнува речиси шест години откако таа престана да работи, а според Шилегов, таа треба да биде спремна в година, пред почетокот на новата концертна сезона.

„Имајќи предвид дека стручната фела се изјасни дека на локацијата на Универзалната сала не е возможно да се изгради објект со поголеми димензии, мојата желба беше да се реконструира Универзалната сала, а да изградиме нова концертна сала на друга локација“, изјави градоначалникот.

Средствата за реконструкцијата ќе се добијат по новиот ребаланс на буџетот, коj треба да биде изгласан деновиве. Во меѓувреме, ќе се вршат процени и пресметки за веднаш штом се добијат средствата, да се почне постапка за јавни набавки и што е можно побргу да почне реконструкцијата на салата.

Универзалната сала е затворена од 10 март 2015 година кога се откорна парче од таванот и падна врз седиштата. По ова беа одложени сите планирани настани, а одговорните решија, наместо да го поправат таванот, да почнат со целосна обнова на салата. Долго време се најавуваше дека салата ќе се урива и дека тука ќе се гради парк или друг објект, но граѓаните протестираа и преземаа иницијатива едно од обележјата на Скопје да остане во својот познат облик.

Универзалната сала е изградена по скопскиот земјотрес и е донација од Бугарија. Таа е копија на софискиот циркус.

Трендинг

На почеток
error: