Медиасет.мк

#ФАЦИ

ВИДЕО: Дизајнерот со круна од Тетово тврди дека со голотија и гаќички стигнал до Холивуд

Модниот дизајнер Златко Јовановски на јавноста ѝ стана познат уште пред неколку години, кога со своите креации се претстави на модната недела во Лондон. Одеднаш јавноста дозна за младиот моден дизајнер од Тетово, кој со круна на глава се движеше по модната писта заедно со своите манекенки облечени во неговите несекојдневни модели.

За него се зборуваше и откако американската пејачка Ава Макс облече негов фустан за насловната страница на списанието „Хер ворлд“. Креациите на Златко се појавија и во модните едиторијали на „Космополитан“ и „Гламур“, а за него пишуваше и „Вог“, најпознатиот моден магазин. „Да успееш на светската модна сцена, треба да си шлакнат и будала. Јас отсекогаш знаев дека сум роден за светска сцена“, искрен е Златко.

Трендинг

На почеток
error: